Twitter конечно објави платформа за рекламирање

„Promoted Tweets се обични твитови кои бизнисите и организациите сакаат да ги прикажата на таргетирана и поширока група на корисници.“ вели Биз Стоун, еден од основачите на Twitter.

Сервисот ќе наплаќа после 1.000-тa импресија на еден твит, и ќе продава реклами според клучните зборови во пребарувањето. Но… платформа ќе прави преглед на рекламите и ќе ги оценува според, како што тие го нарекуваат, „resonance score“. Ова значи дека платформата ќе ги рангира твитовите според тоа колку пати е ретвитана пораката, колку импресии има и колку клика има. Од тоа ќе зависи дали рекламниот твит ќе продолжи да биде реклама или не.

По првичното објавување на платформата, ќе следи и имплементирање на платформата за надворешни Twitter клиенти, (пример TweetDeck), вели Биз Стоун.

Повеќе детали за Promoted Tweets ќе бидат објавени во наредните два дена на Chirp конференцијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии