Twitter објави официјалнo копче за споделување

Првобитниот текст: Twitter објави свое официјални копче за споделување на текстовите, покрај кои ќе има и бројач на колку пати е споделен еден текст, открива Mashable велејќи дека стигнале до документ на Twitter во кој се разгледува планот за копчињата.

Споделувањето на текстовите на друштвените мрежи стана доста популарно меѓу корисниците бидејќи споделуваат со пријателите нешто што ги интересира, но и важно за сајтовите кои на тој начин ја доближуваат својата содржина до повеќе корисници. До сега копчињата за споделување на Twitter одеа преку TweetMeme сервисот, кој сега ќе стане директен конкурент на Twitter во споделувањето на линкови.

Twitter копчето за споделување ќе е една линија код која лесно може да се вметне во било кој сајт. Копчето ќе биде во три димензии 110×20, 55×20, 55×63 со неколку димензии на персонализирање.

Сe очекува Twitter да го објави копчето во текот на неделава.

2 коментари на “Twitter објави официјалнo копче за споделување

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии