Twitter ќе ја отежни автоматизацијата и користењето на повеќе профили

Twitter најавува промени во TweetDeck и Twitter API. Промените кои доаѓаат наскоро треба да ја отежнат можноста на дел од корисниците за координрани акции.

Ова иако е злоупотребувано од корисниците, никогаш не било дозволно на микро-блогот. За потребата од нова надградба Twitter ги споменува токму изборите во САД, но и изборите насекаде во светот.

„Не им овозможувајте на корисниците истовремено да објавуваат ист или сличен твит од повеќе профили. На пример, вашиот сервис не треба да овозможува контрола на повеќе профили и користење за испраќање на твит од сите“.

Не само што е забрането објавување на ист твит од повеќе профили, туку негово споделување е дозволено единствено помал број пати. Речиси секаква автоматизација е забранета, пример, координираното објавување на повеќе твитови на еден хаштаг е исто така забрането. Единствен исклучок се твитовите во случај на несреќа или природна катастрофа.

Оваа недела Twitter објави дека ги брише профилите на ботовите. Друштвената мрежа суспендира илјадници профили, а според Twitter станува збор за отстранување на руските профили кои се обидувале да влијаат на изборите во САД.

Ова најбрзо го забележа алтернативната десница која имаше илјадници следбеници кои сега се суспендирани. Дел од влијателните членови на национлистите во САД изгубија илјадници следбеници. @Isa4031AMP, @DonofJustice, и @Patriotsavior забележаа намалени броеви.

Приврзаниците на алтернативната десница и гласноговорниците повторно пронајдоа заговор. Дел од корисниците кои добиле привремена забрана, велат дека причината за ова е нивната љубов кон Доналд Трамп.

Објаснувањето на Twitter е дека сепак работат без политичка заднина и се обидуваат да обезбедат корисниците да бидат луѓе, а не ботови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии