Twitter ќе го заштити идентитетот на корисникот кој ја напаѓа новата администрација

Twitter нема намера да го открие идентитетот на корисникот зад @ALT_ISCIS кој ја критикува политиката на Доналд Трамп. Микроблогот покрена судски спор против властите кои се обидуваат да ја злоупотребат својата положба.

Сопственикот на профилот тврди дека е државен службеник кој ја критикува администрацијата на сегашниот претседател. Досега од овој корисник се објавени повеќе пораки кои се спротивни на политиката на сегашната администрација на САД. Најголем дел од пораките се однесуваат на политиката за емиграција на сегашниот претседател.

Откако властите го побараа идентитетот на корисникот, Twitter не само што одби да одговори на ова барање, туку и одговори со тужба. Twitter објасни дека основите за барањето на откривањето на идентитетот се противзаконски.

„Слободата на говор скриена зад псeвдоними е традиција во политичкиот живот во Америка. Потребата од заштита на првиот амандман е уште поголема кога, како и сега, говорот допира прашања од јавниот политички живот.“, објасни Twitter вo тужбата.

Twitter не е единствената компанија која тврди дека во дел од барањата властите одат надвор од законските предвидувања. Facebook, Google и Microsoft го тврдат истото, пренесе New York Times. Минатата година Apple одби да отклучи телефонот на напаѓачот од Сан Бернандино.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии