Twitter ќе дозволи твитови со повеќе од 140 карактери

Twitter размислува целосно да го укине ограничувањето на 140 знаци во пораките, и да дозволи до 1.000 знаци во твитовите. Ограничувањето не беше првичната идеја нa Тwitter, туку е додадено за твитовите да можат да се сместат во SMS пораките, вели Џек Дорси.

Сепак по можноста за споделување на слики, корисниците најдоа начини за споделување на подолги пораки од 140 знаци. Дури и твитот на г. Дорси е пример за еден од начините за споделување на повеќе знаци преку слика. Сепак ваквото ограничување му дозволи на Twitter да стане популарна мрежа за брзи, креативни и кратки пораки. Пораките, пак, споделени на фотографии не се текст, па не можат да се пребараат.

Доколку сте љубители на „tweetstorms“ нема причина за загриженост – и креаторот на платформата ги сака, па нема да одат никаде уште долго време. Долгите пораки би можеле да се користат на Twitter најверојатно на пролет, јави Recode, иако засега оваа вест не е официјална.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии