Тwitter ќе прави 1 милијарда долари од реклами во 2014?

Twitter се чини дека е задоволен од порастот на продажбата на рекламите. Дури стана и оптимист за уште подобра продажба откако се појавија и првите пооптимистични проекции за пораст на нивната заработка во 2014 година која се очекува да достигне 1 милијарда долари, пишува Bloomberg. Прогнозата ја предвидуваат двајца аналитичари кои побарале да останат анонимни. Приходите од продажба се двапати поголеми од тие што ги предвидува еМarketer Inc. кои проценија 540 милини долари.

Предвидените приходи за оваа година се 260 милиони долари, но заинтересираноста на се поголем број мали компании, и на се повеќе големи брендови како Pepsi, Best Buy, Sony и други ја подгрева надежта дека милијардата можеби и не е далеку. Дополнително, задоволството на клиентите кои веќе се рекламираат преку Тwitter e добра реклама и охрабрување и за останатите компании.

Тwitter има зацртана цел за рекламирање и на странски пазари, а дел од преговорите, на пример со Јапонија се веќе завршени. Се очекува поради порастот на реклами надвор од Америка, процентот на заработка да се промени и наместо сегашните 90 проценти од домашно рекламирање, во 2014 заработката од рекламирање во Америка да се намали на 83 проценти. Се разбира Twitter мора да внимава да не ги вознемири 140-те милиони активни корисници кои не сакаат нивниот стрим со вести да биде преплавен со промотивни твитови.

Ако Тwitter успее да заработи милијарда долари годишно во 2014, тоа ќе го направaт за прв пат по осум години од основањето, што е многу време споредено со Google или Facebook кој милијардата ја заработија на петтиот, односно шесттиот роденден.