Twitter ќе ги отвори своите податоци за музичката индустрија

Twitter и 300 Entertainment ја објавија својата соработка со која Twitter ќе им понуди повеќе можности на компаниите од музичката индустрија. Соработката помеѓу Twitter и 300 Entertainment ќе овозможи подетална анализа на твитовите кои се поврзани со музика и изведувачите. 300 ќе ги организира/поддреди твитовите и ќе развие софтвер кој ќе можат да го користат музичарите, издавачите и останатиот дел од индустријата.

„Не толку одамна ја продававме нашата музика во продавници, а тие им ја продаваа на фановиоте, но никој не знаеше кои се фановите… Го поминав поголемиот дел од мојот живот без да знам кои се моите клиенти. Нели е ова срамота?“, вели основачот на 300 Лиор Коен, за NY Times.

Идејата е повеќе да се слушне мислењето на корисниците кога се во прашање ѕвездите во подем, следејќи ги твитовите. Музиката е најчеста тема на конверзација на Twitter, па навистина „сме заинтересирани да изградиме win-win средина“ за фановите, музичарите, промотерите и музичките сервиси, вели Боб Мокзидловски кој е на чело а Twitter Мusic.

„Длабочината и непосредноста на твитовите може да открие музичари кои би останале неоткриени и да овозможи разбирање како љубителите реагираат на и комуницираат на музиката. Замислете, на пример издавачот да може да дознае порана за млад рапер бидејќи следе влијателени твитер корисници од локалната сцена“.

Со оглед на тоа дека дел од податоците кои ќе се анализираат се и локациите од каде се испраќаат твитовите, сервисот ќе може да им покаже на музичарите и промотерите каде имаат поголем број на фанови или почесто се зборува за нивната музика, што помеѓу останатото може да го олесни планирањето на концерти или турнеи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии