Twitter ја зголемува безбедноста и гo намалува малтретирањето на својата платформа

Twitter најавува дека дел од твитовите кои се со навредлива содржина нема повеќе да бидат прикажувани. Компанијата промените ги најави минатата недела, а првите измени се веќе објавени.

  • Компанијата ќе го забрани креирањето на нови профили од луѓе на кои веќе им бил забранет пристапот. Ако поради некој прекршок микроблогот на корисникот претходно перманентно му го забранил пристапот, нема да му дозволи креирање на нов профил.
  • Пребарувањето на Twitter ќе биде побезбедно. Твитовите кои имаат почувствителна содржина ќе бидат отстранети од резултатите на пребарувањето. Заедно со нив ќе „заминат“ и твитовите со несоодветни слики и зборови.
  • Одговорите на твитовите кои потенцијално малтретираат корисници и одговорите кои се нерелевантни ќе бидат скриени. Овие твитови ќе им бидат достапни единствено на оние кои тоа го бараат.

Можна причина за промените е веста дека Disney се откажал од купувањето на Twitter поради говорот на омраза, пренесе Recode.

Ова не се единствените вести од микроблогот оваа недела. Twitter го загуби шефот за диверзитет и инклузивност, Рене Етвуд. Истовремно компанијата ја напушти и Шефот на човечки ресурси, Џефри Симиноф. Двете излегувања на раководен кадар од микро-блогот се неповрзани, но секако тајмингот е интересен, констатира TechCrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии