Тwitter ја освојува берзата; oсновачите ќе заработат стотици милиони долари

Акциите на Twitter се искачија за скоро двојно повеќе, на 46 долари, иако компанијата го отвори своето надавање со 26 долари. Излегувањето на Twitter на берзата е второто најголемо деби на ИТ компанија по Facebook во мај 2012-та година. Вредноста на сервисот на микро-блогирање е проценета на 18 милијарди долари, додека Facebook беше проценет на околу 100 милијарди долари.

Продавањето на акциите за Twitter ќе значи дека ќе биде под притисок од инвеститорите да прави пари; за корисниците ова ќе значи постабилен сервис со пари да иновира и да се развива, додека за основачите и директорите кои имаат добар дел од акциите, успешното надавање ќе ги направи милионери, а некои и милијардери. Според проценките на AllThingsD направени според разните видови акции кои ги посетуваат основачите и директорите на Twitter, ко-основачот Еван Вилијамс има скоро 57 милиони акции кои вредат неверојатни 1,48 милијарда долари; ко-основачот Џек Дорси, сега основач на Square, има акции вредни 610 милиони долари; директорот Дик Костело може да добие 200 милиони; шефот за продажба Адам Бејн ќе добие 50 милиони долари; додека останатите членови на бордот ќе добијат по 7 милиони долари. Oвие вредности со според почетната цена на акциите од 26 долари.

Во моментов Twitter има 240 милиони корисници, но сè уште не може да профитира од нивните активности. Иако на мрежата се споделуваат милијарди твитови дневно, сепак таа има загуби од 64 милиони долари во последниот квартал, што е зголемена загуба од 20-те милиони долари која ја имаше истото време минатата година. Приходите на Twitter се околу 170 милиони долари, но до сега Twitter работеше повеќе на растот и на изноаѓање на добар бизнис план и стратегија за продавање на реклами на мрежата. Според зголемената вредност на акциите може да се види дека инвеститорите веруваат дека Twitter има потенцијал да продолжи со растот и да почне да профитира. Некои аналитичари пак се критични што се инвестира во компании чија вредност се проценува според бројот на корисници, а не според нивните приходи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии