Twitter има над 145 мил. корисници, мобилното користење е во пораст

Twitter пред некое време се ангажираше и објави официјални мобилни апликации за Android, iPhone и други уреди. Mобилното користење е природно за сервис ограничен на 140 карактери и брзо објавување на кратки информации, така официјалните клиенти станаа успешен проект, мобилното користење на сервисот се зголеми за 62 отсто, а 16 отсто од новите Twitter корисници доаѓаат преку мобилните платформи.

„Како што се надевавме во април, овие клиенти донесоа повеќе луѓе на Twitter, и, уште подобро, тие ги привлекоа и одржаа активните корисници. Всушност, за 46 отсто од активните корисници мобилното користење е редовен дел од Twitter искуството.“ вели г. Вилијамс.

Тој објави и статистика како корисниците го користат Twitter. 78 отсто од луѓето твитаат преку twitter.com, потоа следува мобилната верзија на сајтот, па, интересно твитање преку SMS и клиентите за мобилните телефони iPhone и Blackberry.

1 коментар на “Twitter има над 145 мил. корисници, мобилното користење е во пораст

  1. Нешто во статистикава ми смрди…. многу голем е процентот на коистење на twitter.com не ми се верува дека за толку кратко време успеаа да си вратат толку нараод на зад на својот сервис.

    До пред некој месец twitter.com беше скоро неупотреблив, да не го забораваме тоа :) Ми ечини дека бројкиве се за да се охрабри користењето на twitter.com и да се создаде подобра шанса за прикажувае на рекламии секако заработка :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии