Twitter има над 100 милиони активни корисници, 55 отсто твитаат од мобилен

Сто милиони корисници! Една милијарда твитови на ден од 50 милиони твитерџии кои се логираат дневно, а од нив 55 отсто се логираат преку мобилен. Според Google Analytics, Twitter.com месечно го посетуваат 400 милиони корисници. Во јануари 2011 оваа бројка била 250 милиони. Статистиката на Twitter ги води „активните корисници“ тие што се логирале во последните 30 дена преку Twitter.com или преку надворешни апликации.

Неверојатната статисика на сервисот за микроблогирање беше објавена во блог пост од директорот на Twitter, Дик Костело објави. Toj вели дека милијарда твитови дневно се 82 отсто пораст од јануари 2011-та, додавајќи и дека се повеќе има активни корисници. Повеќето твитаат, додека другите само следат што се случува.

„За многумина Twitter не е само за твитање: 40 отсто од нашите активни корисници едноставно се логираат да слушаат што се случува со светот.“

Тоа што го истакнува г. Костело во својот блог пост е дека Twitter стана место каде многу познати личности имаат профил за да комуницираат со својата публика. Од @DalaiLama и Дмитри Медведев, до професионални спортисти, новинари, холивудски ѕвезди, хуманитарци… сите се активирани на Twitter во интерактивна комуникација со своите фанови и следбеници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии