Тwitter ja тужи Владата на САД бидејќи им e ограничен слободниот говор

Twitter започнува судски спор против владата на САД, oбвинувајќи ги властите дека им го нарушиле правото на слободен говор, односно првиот амандман на уставот на САД.

„Наше убедување е дека имаме право според Првиот амандман на Уставот на САД да им одговориме на корисниците кои се загрижени околу опсегот на набљудувањето на владините агенции – заклучно со правните процеси кои сеуште не сме ги добиле. Би требало ова да може да го направиме слободно и на значаен начин наместо општи податоци“, вели Twitter.

Компаниите можат да даваат општи податоци, на пример помеѓу 0 и 999, но не смеат да ја кажат точната бројка на барања кои пристигаат до нив со ознака национална безбедност, вели Washington Post. Тужбата доаѓа откако FBI не даде став за соопштението на Twitter, што значи дека друштвената мрежа не смее да ги обелодени овие податоци. Компанијата ова го „преведе“ како барање на агенциите да издаваат податоци кои ќе бидат одобрени од владини службеници.

Тужбата е дел од акциите кои ги преземаат компаниите од Reform Government Surveillance коалицијата, помеѓу кои се Facebook, Apple, Apple, Yahoo, LinkedIn, Aol и Dropbox. Како што наговестува името групата бара реформи на следењето кое го прават државните агенции.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии