Twitter го претстави Newsrooms да им помогне на новинарите да откријат вести преку мрежата

Тwitter покажа дека кратките пораки од само 140 карактери се многу лесни за споделување, посебно преку мобилен, и стана алатка за граѓанско новинарство ширум светот преку која се споделуваа информации од револуции, протести, дури и да се твита во живо акцијата што доведе до убиството на Осама бин Ладен… Всушност, и оваa вест што ја пишувам ја открив на Twitter via @Zabrcanec.

Twitter for Newsrooms или #TfN е поделен во четири дела:

  • #Report користи неколку алатки со кои може да се пребарува во потрага по информации, пример, користејќи Twitter Sеarch, Twitter Deck, Аrchive Search и слични пребарувачи со цел да се дојде до информации за одредени теми кои на Twitter се врзуваат со хаш-тагови кои го олеснуваат пребарувањето.
  • #Engage делот објаснува како да се подобри интеракцијата со корисниците, и да се споделат вести по пример на светските медиуми.
  • #Tools се алатки за поврзување на твитовите со акцијата, односно да се означат вестите доколку се објават, пример, на телевизија и да се поврзат со Twitter. Мрежата обезбедува логоа и сервиси како BlackBird Pie.
  • #Extra делот содржи дополнителни линкови до Twitter блог постови, до Twitter на други јазици и други информации.

Тwitter Newsrooms може да се искомбинира со Facebook + Journalist за дополнителни совети како новинарите правилно да ги искористат друштвените медиуми.

Calling reporters, editors, producers and correspondents! A new guide called Twitter for Newsrooms launches today: http://t.co/l00A4e0 #TfNless than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии