Twitter го отвори своето API за фотографии

Пред недела дена Twitter овозможи за сите корисници да закачуваат фотографии директно преку нивен сервис. Сега Twitter го отвара и API-то за да им овозможи на програмерите да го искористат нивниот сервис за фотографии, пример за интегрирање во сајт или искористување во сопствен сервис.

Преку API-то ќе може да се закачуваат, складираат и споделуваат слики од серверите на Тwitter и Photobucket, кои ги хостираат фотографиите кои се закачуваат на Twitter. Форматот .gif нема да биде поддржан.

Поради тагот media кој го користи Twitter, наместо picture или image, би можело да значи дека Twitter планира во иднина да стартува и сервис за споделување видео, па тагот ќе се однесува на сите мултимедијални аспекти на сервисот за микро-блогирање.

Тwitter исто така најави дека наскоро ќе го интегрира овој сервис за фотографии во своите мобилни клиенти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии