Тwitter ги стартуваше Promoted Accounts и го смени директорот

„Пример, многу луѓе кои следат профили поврзани со гејмингот исто така го следат @xbox. Ако некој следи гејминг профили, но не @xbox, тогаш Twitter може да му го сугерира @xbox на корисникот.“ објаснува Twitter.

Тwitter во истиот блог пост најави дека тестира Promoted Tweets и Trends да се појавуваат во надворешни апликации и клиенти, започнувајќи со HootSuite.

Втората голема вест поврзана со сервисот е промена на кормилот. Ко-основачот на сервисот Еван Вилијамс си замина од директорското место кое беше превземено од Дирк Костело, претприемач чија компанија FeedBurner беше купена од Google во 2007. Причината за оставката на г. Вилијамс е што Twitter веќе не е стартап туку сериозен бизнис со 300 вработени кои од 1.2 милиони твитови пред две години сега се справуваат со 90 милиони твитови дневно од 160 милиони корисници. Затоа е потребен човек кој ќе може да ги води тој бизнис.

„Незадоволен сум кога стартуваме продукт. Градењето работи е мојата пасија, и никогаш не сум бил повозбуден или пооптимистичен за тоа што треба да изградиме.“ вели г. Вилијамс кој сега во Twitter ќе ја води стратегијата на продуктот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии