Twitter ги претстави приказните

Друштвената мрежа за микро-блогирање во 140 карактери го објави првиот серијал на Twitter приказните преку кои со примери се објаснува како еден твит, или неколку, може да придонесе кон спасување на книжарница, како немите луѓе можат да комуницираат со другите, како готвач ги повикал своите 100 следбеници на ручек, или за како Крист Стугт на кого му требаше трансплатација напиша „сра*е, ми треба бубрег“ и потоа најде донор…

На кратко објаснети, приказните се како може да правилно се искористи мрежата за да се добие посакуваниот резултат. И секако, да се промовира Twitter како алатка.

Доколку имате и вие некоја интересна приказна можете да ги споделите со споменување на @twitterstories или со хаш-тагот #Twitterstories. Во твитот закачите слика или видео. Twitter секој месец ќе закачува нови приказни.

Подолу е приказна за како Арон Дурант ја спасил книжарницата на неговата мајка со твитање дека ќе купи по едно бурито на сите кои ќе купат книги во вредност од 50 долари од книжарницата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии