Twitter е барометар за телевизијата и јавниот интерес

Aгенцијата Nielsen која го мери рејтингор на ТВ програмите, откри дека пораките на Twitter соодветствуваат со интересот кој го покажуваат таканаречените „Nielsen-фамилии“ за одредена ТВ програма, пишува New York Times. За оваа анализа Nielsen користи 300 испитаници помеѓу 21 и 54 години, на кои им ја мери мозочната активност поврзана со: емоции, меморија и внимание, но и барање во текот на испитувањето да не го користат микроблогот. Пораките на Twitter се пребројуваат и како ретвит и одговор на порака. Корелацијата помеѓу вниманието кон ТВ програмата и Twitter е 79,5 отсто.

За мерење на реакциите на гледачите Nielsen користи мозочни монотори кои гледачите ги користат при гледањето на програмите. Споредбата со Twitter покажува дека постои поврзаност помеѓу активноста на Twitter за серијата со ангажираноста на гледачот. „Може да ја користите Twitter активноста за да го предвидите ангажираноста на гледачите. Колку корисниците се внесени во некој сегмент, толку се зголемува и бројот на Twitter постови“, вели Августа Шестјук од Nielsen.

Анализата на Nilsen покажува дека обемот на твитови за некоја серија е пропорционален со популарноста на шоуто. Интересно ова овозможува не само анализа за ТВ шоу, туку и анализа сцена по сцена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии