1. Како да започнете?

За да почнете да го користите Twitter потребно е да се регистрирате преку кратка и лесна форма која може да ја пронајдете на почетната страна преку линкот Sign Up!

2. Регистрација

Пополнувањето на регистрацијата оди навистина брзо, а во неа треба да пополните полиња за е-маил и лозинка, да го изберете вашето корисничко име, да докажете дека сте човек преку верификација на слика и да ги прифатите условите за користење на сервисот кои бараат од вас да бидете постари од 13 години.

3. Пронаоѓање на вашите Twitter пријатели

Во следниот чекор од регистрацијата ќе ви биде понудена можност да му дозволите на Twitter да ги пронајде вашите пријатели од Hotmail, Yahoo, AOL, MSN или Gmail кои веќе имаат свои профили на страната. Овој процес е составен од три чекори, а го правите тоа се внесување на вашето корисничко име и е-маил лозинка на одбраниот сервис. Twitter гарантира дека нема да ги архивира или пак искористи за СПАМ вашите информации. Доколку не сакате да го искористите чекорот во овој момент, едноставно го прескокнувате со одбирање на Skip. Истата оваа опција е возможна и подоцна преку одбирање на Find & Follow од горното мени.

4. Што правите сега?

Регистрацијата е завршена и може да започнете со микро-блогирањето иаку сеуште ве чека уредување и конфигурација на профилот.

5. Уредување и конфигурација на вашиот профил

Со цел да бидете препознатливи, Twitter ви нуди можност да го персонализирате вашиот профил преку менување на сликата и позадината на профилот и додавање на кратка биографија, локација и слично. Дополнително во следните неколку чекори ќе можете да ги изберете и уредите преку кои ќе можете да објавувате постови или да бидете информирани или пак да изберете како да бидете известени за одговор на пост.

Сето ова се „крие“; во Settings опцијата на вашата страна.

Таб Account

Под овој таб ви е овозможено да го внесете вашето име, да го измените корисничкото име кое ќе биде дел и од вашиот Twitter URL (http://www.twitter.com/username), да одберете која временска зона да биде објавена, да внесете кратка биографија до 160 карактери и да ја објавите вашата локација. Можноста за избирање на јазик на Twitter засега ги нуди само англискиот и јапонскиот. Доколку сте загрижени за вашата приватност може да ограничите постовите кои ги објавувате да бидат достапни само за луѓето кои вие ќе дозволите да ве следат. Тоа може да го направите преку штиклирање на опцијата Protect my updates.

Таб Devices

Следнава опција ви нуди можност да го конфигурирате вашиот мобилен телефон преку СМС пораки да објавува содржини на вашиот профил, или пак да ви пристигнуваат СМС пораки со постовите на луѓето кои ги следите. Моменталните услуги на македонските мобилни оператори сеуште не дозволуваат целосно уживање во оваа можност на Twitter.

* Twitter дополнително на горенаведената опција овозможува и следење на микро-постовите преку инстант месенџери, како на пример Gtalk. Бидејќи сервисот веќе подолго време има сериозни технички проблеми со таа опција, во периодот на пишување на оваа статија, ИМ услугата беше недостапна. Конфигурацијата на ИМ известувањата се врши преку додавање на Twitter во листата на пријатели и потврдување на испратен код. Чекорот е лесен и може да биде завршен за помалку од една минута.

Таб Notices

Во следниве неколку чекори може да одберете Twitter да ви испрати потсетник на ИМ клиентот доколку немате објавено ништо во период од 24 часа, да одберете дали сакате сервисот да ве известува преку е-маил за секој нов “следбеник”, добиена директна порака како и за новостите поврзани со Twitter.

Таб Picture

Под овој таб може да изберете и закачите слика со максимум големина од 700 килобајти во формат JPG, GIF или PNG која ќе биде сликата на вашиот профил. За вашата слика да изгледа како што треба, пожелно е резолуцијата да биде 73 х 73 пиксели.

Таб Design

Следните понудени опции ви овозможуваат да го разубавите вашиот Twitter профил, преку одбирање на боја на позадина, на име, на линкови и друго. Можете да закачите и слика за позадина која ќе биде со максимална големина до 800 килобајти (повторно во формати GIF, JPG Или PNG).


6. Објавување на постови

По уредување на профилот според ваша желба, може да започнете со објавување на постови. Го правите тоа со едноставно внесување на текстот во полето наменето за пишување, кое веднаш ви го дава бројот на преостанати карактери. За објавување на долги линкови пожелно е да користите сервиси за компресирање на линкови како tinyurl.com или is.gd, (понекогаш самиот Twitter ги менува линковите преку Tinyurl) кои нема да ви одземат толку карактери.

* Пример на компресиран линк:

Оригинален линк: http://it.com.mk/index.php/Statii/Statii/Bil-Gejts-%E2%80%93-lider-na-kompjuterskata-revolucija

Изглед на горниот линк компресиран преку сервисот is.gd: http://is.gd/166E

7. Пронаоѓање на луѓе

За да почнете да следите некого, освен преку директен линк до нивниот профил, може да го пронајдете преку формата за пребарување која се наоѓа во горниот дел од сајтот. Може да пребарувате со име или пак локација.

Откако ќе ги добиете бараните резултати, со кликнување на копчето Follow започнувате да го следите пронајдениот профил. Со тоа, сите идни постови објавени од страна на профилот кој го следите ќе бидат објавени на главната страна на вашиот профил, или доколку ги имате конфигурирано соодветно на вашиот ИМ или мобилен телефон. За да престанете да следите постови на нечиј профил, едноставно го кликате копчето Remove, кое се појавува на местото на претходно кликнатото Follow.

8. Кого следите и кој ве следи?

Мали слики на луѓето кои ги следите ќе бидат објавени на десната страна на сајтот на вашиот профил, а сите оние кои ќе ве следат вас може да ги пронајдете со кликнување на линкот Followers.

9. Корисни Twitter линкови

10. Неколку корисни алатки и сервиси

Summize

Сајтот Summize.com, кој од недомна беше купен од Twitter, е корисна алатка за пронаоѓање на клучни зборови на сајтот.

TweetAhead

Објавувајте во однапред испланирано време со претходна конфигурација на постот. Преку TweetAhead, напишете го вашиот пост и внесете време кога тој да биде објавен.

TweetStats

Пристапете кон вашиот профил преку статистика. Сервисот TweetStats ви овозможува преку статистички пристап да видите колку време сте дел од Twitter, колку постови имате, кога сте најактивни, како објавувате и слично.

Тwitterlocal

Пронајдете ги сите постови според географската положба на постирачот преку Twitterlocal.

Тwitterholic

Овој сервис ви нуди практично глобална статистика за Twitter. Прегледајте кој има најмногу следбеници, најголем број на постови, одговори и сл.

Twhirl и gTwitter

Twhirl е ИМ клиент наменет за Windows и Mac, може да се поврзе со разни Twitter и FriendFeed кориснички имиња. gTwitter е неговата алтернатива за Linux корисниците.

Twitbin

Twitbin е додаток за Firefox преку кој може да постирате и да добивате известувања од Twitter. Освен овој додаток, истата функција ја врши и TwitterFox.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии