Со Twitter бот до поголема свесност за загадувањето

Благодарение на поставените мерачи за загадување и апликацијата МојВоздух, податоците за загадувањето се јавно достапни. Но, што ако одговорните ги игнорираат? Ученикот Матеј Плавевски има решение за ова. Неговиот twitter-бот ќе ги извести надлежните дека загадувањето е над нормалата дури и ако тие ги игнорираат претходните сервиси.

Ботот е едноставна python-скрипта која на секои 2 часа се поврзува на API на МојВоздух и проверува дали загадувањето е во границите. Ако загадувањето е повисоко од дозволеното ботот испраќа порака до надлежните преку Twitter API и tweepy. Пораката се испраќа до градоначалникот на засегната општина со јасна порака дека загадувањето е над нормалата.

„Најголем дел од луѓето не мислат што дишат, освен кога на вести ќе слушнеме за висината на загадувањето. Аеро-загадувањето е еден од најголемите предизвици во Скопје во зимскиот период. Од децата до возрасните, сите се зафатени“, вели Матеј во блог на Medium.

Засега ботот е во експериментална фаза, а Матеј скојдневно го дотерува и поправа. Twitter заедницата веќе го забележи ботот и започнаа пофалбите. Досега ботот има над 970 твитови и 60 следбеници.

Ова не е прв проект на Матеј Плавевски за намалување на загадувањето. Претходно Матеј претстави решение со кое дрон како мобилна платформа ги лоцира и пријавува изворите на загадување. Ова се прави со тоа што дронот се третира како мобилен сензор со кој се мери загадувањето во повеќе точки, а потоа од истите може да се изведе заклучок од каде доаѓа најголемото загадување на локациите. Решението е флексибилно и практично, а повеќе за него може да прочитате тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии