Twitch Prime нуди повеќе бесплатни игри на претплатниците

Веќе неполна година како Twitch Prime и Amazon Video Prime се достапни за корисниците во Македонија.

Twitch Prime ви дозволува да гледате стримови на игри и бројни други креативни содржини без да бидете постојано бомбандирани со реклами. Паралелно со ова, претплатниците можат да одделат дел од средствата за претплатата да одат кон еден стример месечно како би го наградиле неговиот или нејзиниот труд. Но, претплатата кон Twitch Prime највеќе се исплати и затоа што секој месец добивате најразлични работи, како дигитални, гејминг пакети со предмети од козметичка природа или пак цели игри. Обично, Twitch Prime даваше на корисниците по една бесплатна игра на месечно ниво и тоа во форма на Steam клуч или пак преку Twitch клиентот за стримување.

Оние кои ќе се претплатат на Twitch Prime автоматски добиваат пристап до Amazon Video Prime, односно можност да гледате филмови и телевизиски серии. За жал, поради бројни издавачки права, Македонците немаат преголем избор и имаат на располагање исклучително кратка листа од филмови и серии, но сепак, кога ќе се земе цената во предвид, се чини дека таквото нешто сепак е исплатливо.

Претплатата за Twitch Prime и Amazon Video Prime изнесува 3 евра месечно, во првите шест месеци. Потоа, претплатата чини 6 евра месечно.

Од Twitch Prime сакаат да привлечат многу повеќе претплатници, но и корисници на нивниот клиент и интерната продавница. Поради тоа, решија да ја збогатат нивната понуда и почнаа да нудат многу повеќе игри. Имено, оние кои ќе се претплатат, од 15-ти март ќе ги добијат критички-признаените Superhot и Oxenfree, како и Shadow Tactics, Candlekeep: Tomb of Annihilation и Mr. Shifty.

На 1-ви април, меѓутоа, претплатниците ќе го збогатат нивниот арсенал со нова серија од игри и тоа Tales From the Borders, Steamworld Dig 2, Kingsway, Tokyo 42 и Dubwars.

Ова значи дека за 200 денари добивате цел месец премиум пристап до Twitch и Video Prime, како и осум исклучително квалитетни игри. По истекот на вашата претплата, игрите можете и понатаму да ги играте. Во моментот кога ќе се врзат за вашиот акаунт, остануваат на него засекогаш.

1 коментар на “Twitch Prime нуди повеќе бесплатни игри на претплатниците

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии