Twine е гумена Wi-Fi коцка која ги поврзува домашните уреди со интернет

Twine е забавен безжичен Wi-Fi уред опремен со сензори за температура и вибрации. Се работи за мала гумена коцка од 16 cm која се полни преку USB порт или со две мали AAA батерии, и која функционира така што ги користи внатрешните сензори што се поврзани со интернет преку Wi-Fi да собира информации и да праќа порака доколку се постигнат некои услови околу електронските домашни уреди.

Уредот користи едноставна веб апликација Spool за да се поврзе со одредени рутини и да праќа SMS, имејл или да твита доколку некој електронски уред завршил со работа, пример, вашата машина за перење алишта завршила или некој заѕвонил на врата.

Тоа што е интересно со Twine е што претставува лесен начин за поврзување на домашните електронски уреди на интернет за полесно собирање на информации, комуницирање меѓу себе и информирање на корисниците, идеја која е попозната како „интернет на нештата“. Twine демонстрира дека секој корисник може да има мал едноставен уред кој ќе му користи за контрола на домашните електронски уреди.

Уредот е креиран од младиот студентски тим Supermechanical кој вели дека доколку добијат доволно поддршка, пред се финансиска, ќе интегрираат дополнителни сензори како RFID чип и мерење на притисок. Проектот е поставен на Kickstarter, и веќе собра над 126.000 долари, иако првичното барање беше само 35.000 долари. Тwine, заедно со апликацијата, чини околу 99 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии