Twestival собра 250.000 долари

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage}Иако 250.000 долари се само четвртина од милионот кој беше цел на Twestival, сепак оваа сума значи чиста вода за 17.000 луѓе во Индија, Уганда и Етиопија за наредните 20 години. „Се разбира twestival е сеуште краток до стигнување на нашата цел да собереме 1 милион долари, но кампањата не завршува тука“ напиша Аманда Роуз во својот пост на Mashable.com.

Тоа што е важно за Twestival е што беше искористен сервисот за микро-блогирање за кампањата и што се добија одлични резултатити, и покрај тоа што целта не беше достигната за определеното време.

250.000 долари значат 55 проекти во 3 земји и чиста вода за 17.000 луѓе, што е фасцинантно од фестивал кој започна со еден твит на 8 јануари со кој се покануваа сите локални Twitter заедници да учествуваат на Twestival и да се дружат „офлајн“. Од само еден твит Twestival стана глобален настан со журки во скоро 200 градови низ светот, подолу има мапа од градовите.

Парите ќе одат на добротворната организација Charity:Water кои на нивниот сајт ќе ја објават сумата која е соберена од секој град. А во април ќе почне првото копање на бунари во Етиопија.

Претходно кога пишував за Тwestival напишав дека фестивалот има за цел да собере 20.000 долари, што е грешно, бидејќи таа сума беше планирана да се собере само од продажбата на MP3 песните на поканетите музичари. Сега тоа е поправено :), а други начини покрај донации за збирање на парите се продавање на маици и преку аукции на еBay.

Twestival World Map




Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии