Image Courtesy of Македонски Телеком

Вчера, сабота 10 декември во кино Култура се одржаа петтите по ред #ТвитерНагради, кои овојпат не беа во организација на Blogirame.mk, блог платформата што веќе некое време не работи, туку беа презентирани од страна на организаторите на новиот домен Blokirame.mk. Зошто баш блокираме, за сега не е јасно…

Во преполната сала во кино Култура, беа наградени најдобрите твитерџии за 2016-та година, во вкупно деветнаесет категории:

  • Најкомпанија/организација на твитер – @Zlatna_kniga
  • Најтаг за 2016 – #РетвитниОброк
  • Најдобар дизајнер – @0majgad
  • Најдобра твитерџиKA – @MajkaNaZmejovi
  • Tвитерџија кој оваа година најмногу напреднал од стартот на неговата твитерџиска кариера – @SuperExtraBonus
  • Најдуховит твитерџија/ка – @NoLuckMakedonec
  • Највлијателен твитерџија/ка – @Mile_Panika
  • Најдобар твит во 2016 – @SuperExtraBonus
  • Риплај на годината – @Rebrendiran
  • Најдобар твитерџија/ка кој почнал да твита во 2016 година – @DajMuNaChovekot
  • Tвитерџија/ка кој e најкорисен и кој е вистинска вредност – @A_Golejska
  • Најдобар сајт на Твитер – @mojomk1
  • Твитерџија со најдобро селфи на годината 2016 – @Muarko
  • Најдобар диџеј на тајмлајн – @DJGoce
  • Најдобар твитерџија/ка во #третасмена #tretasmena – @TheTetka
  • Најдобар аватар(и) – @Ref
  • Најдобра апликација од Македонија за 2016 – MojVozduh
  • Најактивен твитерџија од дијаспората – @FStojanovski1
  • Кампања на годината – #РетвитниОброк


Како спонзори на настанот се јавуваат Македонски Телеком, Скопска Пивара, Бадел 1862 и Ина Многуфина.

И оваа година Македонски Телеком ја награди акцијата „Ретвитни оброк“, која почна како мала волонтерска иницијатива на Twitter заедницата за готвење топли оброци за бездомниците.

За само една година #РетвитниОброк од 10, стигнаа до бројка од 200 оброци неделно, за најранливата група на граѓани.

 

1 коментар на “#ТвитерНагради: Најдобрите за 2016 се…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии