Тужба од 5 милиони долари за Facebook бидејќи дозволува малолетници да користат кредитни картички

Facebook може да плати 5 милиони долари бидејќи дозволва тринаесет годишни малолетници да креираат профил на Facebook и можат да корситат кредитни картички без дозвола од родителите.

Глинис Боханон преку своите правни застапници, компанијата Plaintiff, на 8 март  поднесе тужба против друштвената мрежа во која е наведено дека во Калифорнија не е легално лица помлади од 18 години да користат кредитни или дебитни картички без дозвола од старателите и поради ова, однесувањето на компанијата не е во согласност со законот за заштита на потрошувачите. Како што вообичаено се случува, адвокатската канцеларија Plaintiff се понудила да ги претставува и сите останати лица кои се чувстуваат оштетени поради ова, а целокупната оштета која треба да им се исплати на тужителите е проценета на 5.000.000 долари.

За најголем дел  од парите извадени со „нелегалното“ користење на картичките г-ѓа. Боханон се сомнева дека се потрошени на игрите на друштвената мрежа. Оваа вест ги погоди и фановите на друштвените игри на Facebook кои во своите коментари или потенцираат дека родителите треба да внимаваат што прават нивните деца со кредитната картичка или ги обвинуваат тужителите дека секогаш можат да излажат дека не дале дозвола за користење на картичките. Подржувачите на тужбата пак тврдат дека без цврсти докази за согласност за трансфер на пари Facebook не смее да наплаќа на малолетници, а ги напаѓаат и за зачувување на податоците од користените картички поради што малолетниците уште полесно може да купуваат Facebook „кредити“.

Сепак може да очекуваме Facebook да се спогоди со тужителите со цел да го одбегне негативниот публицитет ако случајот не заврши пред нивното излегувањето на берза.

5 коментари на “Тужба од 5 милиони долари за Facebook бидејќи дозволува малолетници да користат кредитни картички

  1. Амн веке од вакви дебили како "г-ѓа. Боханон", на секој начин да се влечело пари.
    Фејсбук ли треба да ги заштити картичките на родителите или родителите сами треба да си ги заштитат.
    Ова е исто како да го тужат фејсбук бидејки децата имале слаби оцени во училиште. :ГолемФејспалм:

      1. Како не е исто. Децата уплакаат, децата не учат. Фејсбук ниту ги приморува да уплакаат за игри ниту ги приморува да не учат.

      2. Еве една споредба
        Децата пијат алкохол не продавачите , сепак е забранета продажба на алкохол.
        Закон си е закон .

      3. Не е исто.
        Кога ке одиш да купиш алкохол и да му велиш на продавачот дека имаш 18 години тој ке види дека си 12 годишен копиљ и нема да ти даде.
        А овде Марк не може да види дека си 12 годишен пилиштар и ти на регистрацијата можеш да избереш дека имаш 50 години и откако ке кликнеш на "се согласувам со условите" па натаму се е твоја одговорност. Не сум ги прочитал условите за користење, али ако од Фејсбук се паметни, а верувам дека се, треба во условите да пишат дека се оградуваат од вакви сра*а. Ако си избрал дека имаш 50, а не 12 години твој проблем си е тоа, не на фејсбук.
        Сето ова е да се извлечат пари од богатството на фејсбук.
        Демек само на фејсбук малолетници ги користат кредитните карти на родителите и сега фејсбук е крив, глупости во боја. Јас тврдам дека секаде каде што онлајн се користат кредитни карти буквално секаде има и малолетници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии