Турските банки и институции се под постојани сајбер напади

Во текот на новогодишните празници кои започнаа на 24 декември, турските банки беа цел на постојани сајбер напади. Одговорноста за нападите ја преземаaт хактивистите Anonymous, велејќи дека нападите се поради поврзаноста на властите во Анкара со терористите на Исламската држава (ISIS). Интензитетот на нападите беше во толкава мера што проблеми имаа и трансакциите на кредитни картички. Цел на напади се Isbank, Garanti и Ziraat Bank, јави RussiaToday. Освен банките цел на напад се речиси сите .rt владини домени, а цели се министерства и воени сајтови. Анализата на нападите покажа дека станува збор за организиран напад од повеќе локации, а институциите велат дека се очекуваат илјадници напади.

Иако Anonymous ја презема одговорноста за нападите, дел од медиумите во Турција се сомневаат дека нападите сепак доаѓаат од Русија, и се одговор на инцидентот со рушењето на рускиот воен авион, што предизвика тензии помеѓу двете земји. Владимир Путин се закани дека ќе има последици против Турција, па многумина повлекоа паралели помеѓу овие сајбер напади и сличните напади врз Естонија во 2007-ма година, кога руски хакери буквално ја изгасија Естонија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии