Турција стави забрана и на YouTube заради „национална безбедност“

Tурските власти повторно ги разгневија интернет корисниците и меѓународната заедница со блокирање на YouTube, само два дена откако беше тргната забраната на Twitter. Овојпат власта предводена од премиерот Реџип Таип Ердоган, кој недомна изјави дека „ќе го избрише Twitter“ и дека не треба да им се верува на друштвените мрежи бидејќи на „нив се шират лаги“, привремено го блокираше видео сајтот поради аудио снимки од разговор помеѓу високи функционeри кои дискутираат околу можноста да се влезе во војна со Сирија.

„Видовме извештаи дека некои корисници не може да пристапат до YouTube во Турција. Немаме технички проблеми од наша страна, и ќе ја разгледаме ситуацијата“, изјави Google.

Снимките на YouTube се дел од серијата снимки објавени анонимно на друштвените мрежи од ноември, пишува Bloomberg, кои откриваат доверливи владини разговори и детали за можни корупции на власта на г. Ердоган. Twitter беше блокиран поради слични снимки објавени од анонимни извори. YouTube пак е блокиран од безбедносни причини бидејќи, според властите, снимките се од состанок на кој се разговарало за одбрана од можни напади од исламистички терористи од турски територии во Сирија. Забраните на друштвените мрежи се случуваат непосредно со локалните избори.

Ова е второ блокирање на YouTube откако првото беше тргнато во 2010-та, а забраната беше поставена заради снимки кои го навредуваат основачот на турската република, Мустафа Кемал Ататурк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии