Tурција го одблокира и YouTube, но контроверзните снимки ќе останат цензурирани

Само ден откако беше тргната двонеделната забрана за Twitter, Судот во Анкара им нареди на турските власти да го одблокират и YouTube. Видео сервисот на Google беше забранет под изговор за национална безбедност откако на сервисот анонимно беа закачени аудио снимки во кои се дискутира за можна војна со Сирија. Според судот, 15 видеа ќе останат цензурирани, додека останатиот сервис ќе остане достапен за турските граѓани. Забраната на целиот сервис, пресуди судот, е премногу општа и нефер. YouTube беше блокиран една недела по блокирањето на Twitter откако на сервисот со месеци наназад, и за време на предизворна кампања, се појавија контроверзни снимки за корупција помеѓу високи функционери. Но, спорев турските власти, двете забрани се различни.

„Забраната на Twitter е поврзана со приватност, додека забраната на YouTube е за одбрана на националната безбедност. На неа не треба да гледаме како ограничување на слободите“, изјави турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давитоглу за HurriyetDailyNews.

Но, за разлика од Twitter, одлуката да се одблокира Twitter доаѓа од локален суд, не од Уставниот суд. Ова значи дека постои можност забраната да биде вратена, но тоа е малку веројатно поради притисокот од меѓународната заедница и од самите турски граѓани кои преку прокси и DNS сервери најдоа начин да пристапат до сервисите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии