Tumblr го стартува Creatrs за да ги награди најдобрите артисти

Tumblr е позната мрежа каде може да се најдат креативни блогери, од дизајнери до илустратори и други артисти, кои изработуваат дела што вредат да бидат промовирани. Затоа блог платформата, сега со над 420 милиони блогери, стартува програма Creatrs која ќе ги поврзе креативците со маркетинг агенции и брендови за да креираат кампањи.

Преку Creatrs Network ќе се поканат брендовите да ги прегледаат делата на артистите кои можат да ги искористат за маркетинг кампањи. До сега, вели Tumblr, има околу 300 артисти кои ја тестираат мрежата. На нив веќе им исплатиле околу четврина милион долари за нивните дела, што се откупени од поголеми брендови. Идејата е да се направат повеќе ѕвезди од платформата, како што тоа му успеа на Humans of New York, кој сега има и бестселер книга.

Tumblr ветува и дека ќе им помогне на артистите и со легалните обврски, односно со склучување на договори и креирање лиценци за делата. Исто така ќе им гарантира на артистите дека ќе бидат споменати за придонесот, без врска дали се работи за онлајн или офлајн кампања. Најдобрите 10 артисти во програмата ќе добијат и шанса да учествуваат на настани, да предаваат или да објават книга. Но, иако звучи одлична програма за сите артисти да добијат промоција, сепак засега постои ограничување. Tumblr на почеток ќе ги избира артистите, а можеби подоцна Creatrs ќе биде достапна за сите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии