Tumblr е попопуларен сервис од WordPress

Mashable креираше инфографик за популарната платформа за микроблогирање Tumblr, која во своите четири години постоење успеа да го надмине WordPress по бројот на креирани блогови. Благодарение на друштвената природа, Tumblr во последната година има пораснато за дури 900 отсто.

Според инфографикот, Tumblr моментално има 33.313.876 блогови, и 12 милијарди постови. Интересното е тоа што дури 42 отсто од оригиналните содржини се всушност фотографии. Во периодот од јуни 2010 до јули 2011, Tumblr во САД има пораснато за 218 отсто, додека Facebook 14 отсто, Twitter за 31 отсто, и LinkedIn за 63 отсто. На глобално ниво Tumblr во рок од една година има пораснато од 10 милиони уникатни посети на 90 милиони уникатни посети.

Погледнете го приложениот инфографик за повеќе интересни информации поврзани за една од наједноставните блогерски платформи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии