Цртајте со мрсни боички со Crayon Maestro

Погледнете го официјалниот опис за Crayon Maestro и ќе видите дека се рекламира како комплексен симулатор за цртање со мрсни боички. Пробајте да работите со него и ќе забележите дека описот апсолутно држи вода. :)

Со Crayon Maestro можете да создавате најразлични уметнички дела кои реалистично ги прикажуваат живописните текстури кои се својствени за мрсните боички. Во уметничките дела што ќе ги создадете можете дополнително да ги менувате боите, да зумирате, да ротирате, како и да користите неколку слоеви. За пофалба е и поддршката за photo-tracing, како и за Dark модот, но за Touch Bar-от, на Mac.

Crayon Maestro постои веќе подолго време на софтверската сцена. Најновата, петта верзија воведува нови текстури за на хартија или платно, целосно нов енџин за цртање и лесно-прилагодлива лента со алатки. На огромна радост на корисниците на претходните верзии, сега конечно можете да имате на располагање неколку верзии од една иста алатка, но со различни опции и бои, со што работата значително се забрзува.

Crayon Maestro е и одлична алатка за креативна занимација на најмладите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии