Централен Лондон тестира технологија за препознавање на ликови

Полицијата во Лондон започнува да тестира технологија за препознавање на ликови. Полицијата во Лондон ги покани граѓаните да учествуваат во тестовите кои се одржуваат во близина на Soho, Piccadilly Circus и Leicester Square. Тестовите ќе траат 2 дена, а започнаа на почеток на неделата.

Интересно е што лондонската полиција е сосем транспарентна за овие тестови. Униформирани полицајци ќе седат во и околу зоната во која се тестира, ќе делат памфлети и ќе ги известуваат минувачите за тестовите. Никој од минувачите нема да биде одбележен како сомнителен. Сепак ако некој кој е осомничен биде забележан во областа, полицијата ќе реагира.

Камерите ќе работат по 8 часа во денот, а видеото ќе биде избришано веднаш по тестовите.

Технологијата би можела да помогне за значително подобрување на безбедноста, вели Елизабет Денам, комесар за информации на Обединетото кралство. Сепак г-ѓа Денам додава дека примената на ова технологија би можела да биде интрузвна и за луѓето кои не го прекршиле законот.

Невладината организација Big Brother Watch предупреди дека користењето на оваа технологија е „авторитарно, опасно и незаконско“, пренесе BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии