Целта на Марк Закерберг за оваа година е да го поправи Facebook

Учење мандарински, вештачка интелигениција, запознавaње луѓе од секоја држава од САД се дел од новогодишните предизвици кои секоја година си ги поставува основачот на Facebook, Марк Закерберг. Од 2009 година овие цели се јавни и секој може да ги види на друштвената мрежа.

Оваа година г. Закерберг пред себе постави речиси невозможна мисија: „Да го поправи Facebook“. Дел од работите кои мора да се поправат се можностите за влијание на трети држави и заштита од малтретирање и омраза. Најголемата друштвена мрeжа ова го прави исклучително лошо.

„Моја лична цел за 2018 е да ги поправиме овие важни прашања. Нема да ги спречиме сите грешки или злоупотреби, но сега имаме премногу грешки во обидите да ги спроведеме нашите политики и да ја спречиме злоупотребата на нашите алатки. Ако сме успешни, тогаш во 2018 ќе бидеме на многу подобар пат“, вели г. Закерберг.

Токму 2017 година беше најдобар показател за сите пропусти кои ги прави друштвената мрежа. Од куп сослушувања во сенатот, до можности да се таргетираат националисти и фашисти како целна група, иако друптвената мрежа не го дозволува ова. Сепак злоупотребата на сите алатки за рекламирање го овозможува ова.

„Имаме многу работа: дали за да ја заштитиме нашата заедница од малтрертирање и омраза; да го спречиме мешањето на трети држави; или да бидеме сигурни дека времето поминато на Facebook е добро поминато време“

Оваа цел е преголема и зависи од многу повеќе луѓе, а не само од г. Закерберг. Ова е најтешката цел која си ја поставил, а најверојатно е и правата која нема да ја оствари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии