Целосно отстранување програми со IObit Uninstaller 9

Кога сакате да отстраните некој програм, односни игра, таквото нешто обично го правите преку вградениот uninstaller, кој е дел од самиот оперативен систем. Но, таквата процедура не е целосна и остава непотребно ѓубре, во форма на привремени и инсталациони фајлови, како и одредени внесови во регистарот.

IObit Uninstaller е алатка која го брише програмот, но и сите траги кои биле оставени од него. Најдоброто е тоа што може да се втурне во автоматизирано бришење неколку програми еден-по-друг, како и да присилно отстрани одредени искршени фајлови и апликации. IObit Uninstaller е одличен и во поглед на пронаоѓање скриени програми, односно апликации кои не се прикажуваат на стандардната листа од стандардниот uninstaller.

По преземање и за време на инсталирање на IObit Uninstaller бидете особено внимателни да не дозволите да ви се инсталира дополнителен софтвер кој е промовиран од алатката. По покренувањето на алатката ќе добиете листа од инсталирани софтверски апликации кои можат да се прикажат во зависност од тоа кога се инсталирани, колку често се користат, според името или според нивната големина. Доколку сакате да избришете неколку програми еден по друг, штиклирајте го полето до програмот и тогаш кликнете на uninstall. Програмот ќе започне со автоматски и темелно отстранување на првиот програм. Потоа, автоматски преоѓа на вториот, па на третиот, и така натаму.

Најновата верзија на IObit Uninstaller e особено ценета поради таканаречената Install Monitor функција. Со ова, се детектираат и забележуваат сите системски промени при инсталирање некој нов програм. Кога ќе дојде време истиот да треба да се избрише, алатката помага да не се остави апсолутно ниедна трага на вашиот компјутер. За жал, ваквото автоматско надгледување е овозможено само со платежната верзија на IObit Uninstaller. Доколку се решите да ја користите бесплатната верзија, потребно е секојпат кога саката да инсталирате некој програм, да го повлечете и пуштите инсталациониот фајл во соодветниот Install Monitor прозорец.

Втората работа поради која нѝ се допаѓа најновата верзија е Software Health. Со оваа алатка можете да го скенирате системскиот драјв и да добиете извештај за тоа дали има некои непотребни работи од некои претходно-избришани програми. Откако ќе ви се сервира бројката, чија големина знае да ве изненади, ќе можете истите траги да ги избришете со само еден клик.

За крај, IObit Uninstaller 9 соработува со продавницата на Microsoft и ви сервира оценки за секој програм за да видите колку се задоволни останатите корисници и подобро да се едуцирате за тоа дали некој програм го заслужува престојот во вашиот компјутер, или не.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии