0 коментари 2 мин. читање 5 февруари, 2021

Целосна визуелна трансформација на оперативниот систем со UltraUXThemePatcher

UltraUXThemePatcher e алатка која ви дозволува да инсталирате и наместите најразлични теми од трети лица за вашиот оперативен систем.

За да дојдете до целосна трансформација на вашата Windows XP, Vista, 8 или 10 околина, потребно е да ја инсталирате алатката, да се погрижите правилната OS верзија да биде детектирана и потоа да ја направите соодветната закрпа. Штом завршите со тоа, одново вклучетете го UltraUXThemePatcher и најдете некоја од бројните теми на skinpacks.com. За секоја тема, можете да видите најразлични скриншотови, но имајте во предвид дека повеќето не се бесплатни. Темата која нам нѝ се допадна беше The Bard’s Tale, но чини 550 денари.

Најновата четвртта верзија на UltraUXThemePatcher исправа одредени проблеми што се провлекуваа низ претходните верзии, но и понатаму предупредува дека постои одреден ризик при користење на алатката. Имено, бидејќи алатката прави промени на системските фајлови, предупредува дека може да се појават неочекувани проблеми, па дури и целосно непокренување на оперативниот систем. Оваа предупредување се истакнува и покрај тоа што софтверот прави бекап на системските фајлови и ви дозволува да се вратите во претходната состојба доколку наидете на одредени проблеми.

Иако нѝ се допаѓа идејата со драстично менување на Windows околината, бевме разочарани да откриеме дека најубавите теми на Skin Packs се пропратени со исклучително високи цени. Поради тоа, пробајте да го најдете тоа што го сакате преку Deviantart!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top