Целосна контрола врз Windows 10 со Ultimate Windows Tweaker

Оние кои сакаат поинтимно да се запознаат со оперативниот систем и да извршат одредени поефикасни промени, би требало да ја проверат најновата верзија на Windows со Ultimate Windows Tweaker.

Windows со Ultimate Windows Tweaker е исклучително мал програм за Windows 10 кој крие над 200 можни твикови во категории како прилагодување, кориснички акаунти, перформанси, безбедност и приватност, Internet Explorer, и контекст мени. Категоријата Additional е резервирана за сè што логички не би можело да се смести во претходните категории.

Со оглед на огромната бројка и комплексноста која се крие кај одредени прилагодувања, играњето со оваа алатка не се препорачува на почетниците и потребно е да ѝ пристапите со одредена доза внимателност. За секој од понудените твикови имате објаснување до кое доаѓате така што ќе застанете со стрелката на соодветниот твик. Во случај да го селектирате и да кликнете на Apply, акцијата ќе стапи на сила. Од голема користи е и страната System Information. Тука можете да дознаете бројни работи за вашето PC, како и да извршите одредени проценки.

Најновата 4.5 верзија на алатката конечно воведува поддршка за Windows 10 1809 (октомвриското надополнување). Паралелно со ова, ги радува корисниците со неколку нови твикови, како и бројни подобрувања во перформансите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии