Целосна контрола врз партициите со MiniTool Partition Wizard Free

Во ситуации кога сте незадоволни со вашата поделба на хард дискот и се јави потреба C или D да биде со поразлична големина или пак да се додаде и Е партиција, би можеле да побарате помош од алатката која доаѓа со Windows оперативниот систем. Но, доколку сакате да преземете понапредни чекори, искористете ги бесплатните услуги на MiniTool Partition Wizard Free.

Со МТ Partition Wizard ќе можете уште полесно да создадете, избришете, поништите, копирате, намалите или пренасочите партиции, а никој нема ни да се осмели да ве спречи да конвертирате типови на дискови или да повратите партиции.

Најновата верзија на MiniTool Partition Wizard Free воведува повеќе опции за поразлични формати на драјвови и може да копира цел системски драјв или само одредена партиција. Дополнително, би можеле пријатно да бидете изненадени и со можноста за извршување миграција на цел оперативен систем директно на SSD.

За уште понапредни функции, би можеле да ја пробате професионалната верзија која, за 40 долари, ќе спојува една со друга партиција, ќе конвертира NTSF во FAT32, ќе ја менува големината на кластерите и многу повеќе.

На фронтот со вакви алатки, особено се истакнуваше и EaseUS Partition Master, но не и во моментот. EaseUS Partition Master е функционален програм, но најновата верзија доаѓа со бројни непотребни и дополнителни апликации кои агресивно ви се наметнуваат при инсталацијата.

2 коментари на “Целосна контрола врз партициите со MiniTool Partition Wizard Free

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии