Целосна контрола врз музиката со Poweramp Equalizer

Poweramp Equalizer е алатка која ќе биде особено ценета од аудифилите кои сакаат да се во целосна контрола. Имено, со оваа алатка можете да наместите музиката од вашиот телефон, односно таблет да звучи онака како што сакате. За таа цел, Poweramp Equalizer функционира со било кој сервис за стриминг, како Spotify (патем, дали знаевте дека Spotify повторно нуди долг пробен период?), а функционира и со каков било плеер за музика што веќе го имате инсталирано во телефонот.

По вклучување на Poweramp Equalizer, имате на располагање бројни лизгачи кои значително влијаат на звукот кој го слушате, но и на работите кои ги гледате! Poweramp Equalizer се одликува со бројни опции за менување на изгледот и прикажување најразлични визуелизации. Имајте и во предвид дека, моментно, сите опции се бесплатни за користење, но оваа е алатка за која се планира да чини 150 денари во блиска иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии