Целосна контрола над иконите од вашиот десктоп со DesktopOK

DesktopOK e исклучително мала, но корисна алатка за апсолутна контрола врз местоположбата на вашите икони. Со оваа алатка можете да сочувувате и враќате најразлична поставеност на иконите од вашата десктоп површина.

На располагање имате најразлични распореди за вашите икони. Овие распореди можат да стапат на сила во зависност од тоа кој корисник се логира, или пак во зависност од менување на резолуцијата.

Save icon layout and restore it.

DesktopOK исто така може да ги крие сите икони автоматски, а да ги прикажува привремено само со еден клик. Нема да потфрли и доколку сакате ефикасно да затворате отворени прозорци, како и да покренувате одредени системски алатки.

Најновата, осма верзија за DesktopOK поправа критичен проблем со деинсталаторот и ги надополнува јазиците кои се поддржани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии