2 коментари 2 мин. читање 11 декември, 2018

Царинската управа издаде бесплатни онлајн курсеви

Царинската управа издаде 14 онлајн курсеви кои треба да им помогнат на вработените во царината да се подготват за промените кои започнуваат 2019 година.

Овие курсеви им се достапни за следење и на граѓаните. Курсевите се достапни како дел од програмата Царина 2020, и треба да помогнат во подготовка за либерализацијата и намалувањето на непотребната бирократија. Во соработка со Агенцијата за храна и ветерина ќе се намали период на чекање и ќе се забрза процесирањето на роба која влегува во Македонија.

Секако најголема предност на онлајн курсевите е што се широко достапни.Не е за занемарување и фактот што секој може да учи со сопствено темпо и во време во кое е најслободен.

Што се однесува да предавањата, тие направени се да наликуваат на разговор. Во разговорот учествуваат три асистенти и секој претставува различен дел од царината. Пример, Ана е помлад царински службеник, а Маргот е постар царински службеник. Во зависност од темите на корисникот му помагаат различни асистенти.

Покрај лекциите има и прашања кои ќе му помогнат на оној кој ја изучува темата да провери колку запомнил. Секако кој колку научил или запомнил ќе зависи повеќе од тоа колку некој се фокусирал на учењето отколку на медиумот на кој ја следат „наставата“. Какви ќе бидат резултатите од овие часови ќе дознаеме наскоро.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top