Царинската контрола во САД може да побара од посетителите да го предадат својот телефон

Царинската контрола во САД има поголеми ингеренции кога претресот е во прашање. Полицијата во САД нема пристап до багажот, без дозвола од судија, а цaринската служба може да ги прегледа куферите. Овие пошироки ингеренции се пренесуваат и на сите дигитални уреди.

Ова значи дека секој кој сака да влезе во САД треба да биде подготвен да ги предаде своите дигитални уреди на властите. Цариникот не може да му нареди на никој да го отклучи телефонот, но може да го заплени уредот. Царинската служба може да ги копира податоците, иако мора да ги уништи во најкус можен рок, ако не се од интерес, јави New York Times.

Неодамна царинската служба побара пристап до податоците на телефонот на Сид Биканавар. Телефонот на г. Биканавар е всушност телефон кој му го дала NASA кога почнал да работи во NASA Jet Propulsion Lab. Според деталите на договорот кој ги има со NASA, тој морал да ги зачува податоците на телефонот тајни. Г. Бикнавар на аеродромот во Хјустон е задржан по законот за забрана на влез на муслимани во САД. Освен што е муслиман, г. Биканавар е жител на САД и државјанин со раѓање, јави Verge.

Жителите на САД барем можат да сметаат на гарантиран влез. Сите кои не се жители можат да бидат вратени. Ова му се случи на канадски новинар кој сакаше да извести за нафтоводот во Дакота. Новинарот одби да го отклучи својот телефон, а царинската служба не му дозволи влез. Причината поради која новинарот не дозволи пристап до телефонот е заштита на своите извори на податоци.

Активистите за заштита на лични податоци со право го критикуваат законот. На телефоните најчесто има друштвени мрежи на кој корисникот е однапред логиран. Ова овозможува преглед на податоците не само на луѓето кои влегуваат во САД, туку и на податоците на пријателите и контактите. Агентите не можат да им наредат да ги отклучат ниту телефоните, ниту друштвените мрежи. Сепак кога ќе се соочат со одбивање на влез во САД, поголем дел од луѓето го отклучуваат својот уред.

„Пред владините агенти да почнат да пребаруваат по приватните податоци мора да имаат добра причина за сомневање за илегални активности. Приватните детали од животите на луѓето не може да се достапни без добра причина.“, вели Нејтан Фрид Веслер, адвокат од  American Civil Liberties Union.

Во 2015 царинската служба прегледала околу 5.000 уреди. Најголемиот дел од уредите, 4.444 се паметни телефони. Оваа бројка сепак е минијатурна кога ќе се спореди со 383 милиони влезови во САД.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии