Трол фармите на Путин ја шират руската пропаганда по друштвените мрежи

Група од околу 400 руски пропагандисти има една и единствена цел. Тие треба преку друштвените мрежи да шират пропаганда и да го бранат и величаат претседателот на Русија, Владимир Путин, преку објави на лажни постови, јави британскиот Express, повикувајќи се на податоци кои ги објавија поранешни вработени. „Можете да се преправате дека сте домаќинка која подготвува кнедли и одеднаж одлучува да го сподели своето мислење за говорите на Путин“, вели поранешен вработен во овие служби, Татјана 22.

Пропагандистите се платени 500 фунти (околу 680 евра), работат 12 часа дневно и во овој период мора да напишат 135 про-руски коментари дневно од лажни профили или веднаш ќе бидат отпуштени. „Работите во Министерството за вистина кое е Министерство за лаги и сите помалку веруваат во оваа вистина. Во право сте, ова е Орвеловата 1984-та!“, вели Марат Муркхард, правејќи паралела помеѓу работата на „агенцијата“ и министерството за вистина од култната книга на Џорџ Орвел.

Пропангадистите се поделени во групи од три члена кој кога ќе најдат некој пост започнуваат да коментираат на него меѓусебно одоговарајќи едни на други. „Креираме илузија на активност на овие форуми. Ќе напишеме нешто, потоа си одоговараме. Има клучни зборови, тагови, кои ги користиме за да се појават во пребарувачите. Има пет клучни зборови на пример Министер за одбрана или Руска армија…“

Интересно, оваа тактика на тролање со пропаганда не е единствена за Русија. Неодамна дел од македонските медиуми известија дека партиите испраќаат пораки со кои бараат од своите членови слична активност на друштвени мрежи, притоа давајќи им насоки за коментари и препораки за клучни зборови кои треба да се појават во коментарите. Се забележа и дека различни луѓе споделуваат иста реченица на различни Facebook постови.

1 коментар на “Трол фармите на Путин ја шират руската пропаганда по друштвените мрежи

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии