Трките со дронови може да бидат фантастичен е-спорт

Дали трките со дронови можат да бидат подеднакво забавни и гледани како е-спортот? Drone Racing League ја најави првата година во натпреварите, и судејќи по најавата станува збор за спорт преполн со акција.

Доколку сте гледале некој од натпреварите во акробатско летање, тогаш леталата со дронови најверојатно ќе ги опишeте како акробатско летање на стероиди. Малите летала се можеби едноставни за управување за експертите, но големата брзина и мал простор за управување, прави спортот да биде супер атрактивен, а умешноста на „пилотите“ да биде клучна.

Трките ќе се следат преку камера монтирана директно на дроновите додека избегнуваат најразлични пречки, што го прави спортот да биде супер атрактивен. Димензиите на леталата ќе направат да може да се протнуваат низ најразлични дупки, но и да се тркаат во затворен простор. Ќе мора да почекаме, но најверојатно ќе знаеме повеќе пред октомври за кога се најавени првите финални натпревари. Дополнително, Drone Racing League не е единствената лига во која се организираат пилотите, тука се и Aerial Sports League и Drone Worlds.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии