Triviador е стратегија која го тестира вашето знаење за Србија

Имате преголемо знаење за Србија и не знаете што да правите со тоа? Triviador е интересна стратегија која ќе проба да ве издигне како владетел на целата соседна држава.

На површина, се работи за едноставен квиз каде вие и уште еден пријател се натпреварувате во одговарање прашања од општа култура. Одговорите ги давате или со пишување на соодветното поле или со одбирање еден од четири понудени одговори. Во ситуацијата да морате да ги пишувате одговорите, победува оној кој бил најблиску до точниот одговор, така да се остава одреден простор за брзање и грешење при пишување.

Како станувате подобри во квизот, така освојувате најразлични српски области. Овие области морате да ги браните од непријателите. Лесно можете да ги изгубите доколку редите серија од неточни одговори.

Кога не се натпреварувате, потребно е да посветите време на вашиот административен центар. Тука, се наоѓа вашиот замок и занаетчиски работилници со кои собирате ресурси. За да се искачите на врвот, потребни се надградби, а таквото нешто е невозможно без доволно ресурси.

Играва е исклучително интересна, но е првенствено за српската популација и за луѓето што се импресионирани од неа. Покрај тоа што играта можете да ја играте директно од прелистувачот, можете да ја преземете и во форма на апликација за Android, односно iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии