Трите причини зошто Twitter не се продаде на Facebook

Марк Закерберг имал два неуспешни обиди да го купи Twitter, открива новата книга на Ник Билтон, Hatching Twitter: A True Story of Money, Power, Friendship, and Betrayal. Книгата го опишува растот на друштвената мрежа, иако можеби најинтересниот дел во неа, вели TechCrunch, е делот во кој се опишуваат обидите на Марк Закерберг да го купи Twitter и да го интегрира во Facebook.

На кратко, Марк Закерберг сакал да го купи Twitter или да го копира, што било еден вид заплашување од страна на основачот на Facebook. Првиот неуспешен обид е кога г. Закерберг го „работел“ Џек Дорси да му ја продаде мрежата, но во 2008-ма година г. Дорси, сега основач на Square, беше тргнат од позицијата на директор и оставен како член на бордот без право на глас. Тој беше заменет од Еван Вилијамс, ко-основач на Twitter и oсновач на Blogger кој претходно го продаде на Google. Г. Вилијамс заедно со уште еден ко-основач на Twitter, Биз Стоун, биле поканети од Марк Закерберг на состанок да ја дискустираат аквизацијата. Цената за Twitter била околу 500 милиони долари, од кои основачот на Facebook не бил изненаден бидејќи ја знаел од разговорите со Џек Дорси. Но, Еван Вилијамс не верувал дека продажбата на Twitter ќе се исплати, и во имејл до бордот ги навел трите причини заради кои не треба да се продаваат. Гледајќи ретроспективно, тој беше во право за сите три, а бордот беше во право што го послуша советот.

„Според мене, има три причини зошто треба да се продаде компанија. 1) цената треба да биде доволно добра и според вредност која компанијата ќе ја има во иднина (и порано велевме дека Twitter е компанија од милијарда долари, и јас верувам дека вреди многу, многу повеќе); 2) има голема шанса и опасност да се појави конкурент (Ништо нема да му наштети на Twitter и да го врати на нула); 3) Имаш шанса да работиш на друго добро место (Не го користам Facebook, и сум загрижен за нивните луѓе и како го водат бизнисот)“.

Треба да се има на ум дека во 2008-ма година Twitter имаше само 11 милиони корисници. Денес мрежата има 250 милиони корисници и се проценува дека вреди 12 милијарди долари. Денес нема ниту конкурент на Twitter, најблизок до тоа е Facebook, кој пак си има проблеми со приватноста, додека Twitter е јавна мрежа. Единствено што можеби е проблем на Twitter e што не генерираат доволно пари како Facebook кој има приходи вредни неколку милијарда долари, а тие се на десетици милиони. Но, влијанието на двете мрежи е бесценето и се уште со огромен потенцијал.

1 коментар на “Трите причини зошто Twitter не се продаде на Facebook

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии