Трите дизајн правила на Мариса Маер

Новата книга за Мaриса Маер, Мarissa Mayer and the Fight to Save Yahoo! од Николас Карсон, ги опишува проблемите кои г-ѓа Маер ги има како директор во Yahoo, компанија која има за цел да се редизајнира себе си од досаден пребарувач во бренд кој ќе им се допадне на помладите. Еден обид за тоа е купувањето на популарната блог платформа Tumblr, иако ребрендирањето сепак започнува од почетокот – од промената на логото на компанијата, но и креирање на успешни апликации како Yahoo Weather и Flickr, преку кои успеа да ја врати компанијата на вистинската патека.

Тоа што открива книгата е дека г-ѓа. Маер, уште кога работеше во Google, имаше три правила за дизајн, пишува Fast Company, кои посебно се почитуваат кога е во прашање дизајнот на апликации. Еве ги трите правила:

  • Се мора да биде оддалечено најмногу два допира на екранот! Ова едноставно правило вели дека корисникот со две команди мора да направи било што, што е овозможено на апликацијата.
  • Правило на 5-поени! Дизајнерите треба да избројат најмногу пет поени. Поен добива секој различен фонт, големина на фонт и боја на веб-страната, Доколку има повеќе од пет точки, односно пет различни елементи, време е за редизајн.
  • 98 отсто! Секој производ мора да биде дизајниран за начинот на кој ќе биде користен 98 отсто од времето. За ова г-ѓа Мејер како пример го користи фотокопирот, можете да правите различни работи со фотокопир, но 98 отсто од корисниците сакаат да направат единствена копија на машината, токму затоа Xerox фотокопирот е одличен се што треба да направите е да ставите хартија на стаклото и да го притиснете зеленото копче.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии