Trinus PSVR ви дозволува да ја поврзете вашата PSVR направа на компјутер

На времето, PSVR беше импресивно и финансиски пристапно парче хардвер кое ви дозволува да бидете вовлечени во виртуелната реалност како дете кое по прв пат гледа преку телескоп. На некои начини, PSVR и понатаму е импресивна направа, и покрај тоа што повеќето игри имаат исклучително ниски резолуции.

Во случај да имате PSVR тогаш дефинитивно сте се запрашале дали направата може да биде приклучена и на компјутер, за да можете да ги играте Steam VR игрите кои ги поседувате, или можеби купите во иднина.

Таквото нешто е можно со дополнителни апликации како Trinus PSVR. Оваа апликација е како мост помеѓу вашата PSVR направа и компјутерот и ви дозволува да играте не само SteamVR игри, туку и игри кои и не се VR, игри како GTA, DOOM, Outriders, и слично. Игрите кои не се VR можат само да се играта преку VR шлемот, не и да ви дозволат да навлезете во целосно виртуелна реалност.

TrinusVR можете да ја преземете од тука, но пред да го направите тоа, имајте во предвид дека ова не е бесплатна апликација и чини 14 долари. Добрата работа, меѓутоа, е тоа што имате пробна верзија и пред да ја направите финансиската посвета, точно можете да знаете дали е оваа апликација за вас или не.

Особено важно е внимателно да ги следите упатствата кои се сервираат преку апликацијата. Во спротивно, нема да можете да го постигнете саканиот резултат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии