Трикови кои може да ви помогнат да ја зачувате приватноста

Во време кога онлајн приватноста е сѐ поважна имаме на располагање куп алатки кои за жал, не ги користиме.

Еден од начините кои помагаат за да престане онлајн следењето всушност е вградено во самиот прелистувачи. Деактивирањето на third party cookies е минимумот кој може да го направите за поголема приватност.

Интернет колачињата се мали фајлови кои се користат за помнење на податоци за корисникот и креирање персонализирано искуство. Поточно, колачињата треба да овозможат пренос на информации од една сесија на друга. Дополнително, ова значително ја намалува потребата од простор во складиштата на серверите.

Прелистувачите, со исклучок на Safari, дозволуваат прибирање на овие фајлови и нивно чување на компјутерот. Сепак секој прелистувач има нагодување за забрана за преземање.

Google Chrome

Гасењето на „third party cookies“ во Chrome е прилично „закопано“. Најпрво притиснете на трите точки на крајниот десен агол и потоа одберете Settings. Оттука одберете Advanced, во Advanced пронајдете го Content settings. Тука во Cookies одберете Block third-party cookies.

Mozilla Firefox

Од дополнителните нагодувања (три линии), одберете Options. Во левото мени селектирајте Privacy & Security. Во Cookies and Site Data за Accept third-party cookies and site data одберте Never.

Microsoft Edge

Oд менито во горниот десен агол одберете „•••“ и побарајте Settings. Во менито кое ќе се отвори на десната страна пронајдете Advanced settings > View advanced settings. Тука во секцијата Cookies одберете Block only third party cookies.

Секако ова ќе помогне, но дел од страниците и понатаму може да ве следат. За да го намалите изложувањето може да инсталирате некоја екстензија како на пример, Privacy Badger од Electronic Frontier Foundation. За телефон може да инсталирате Mozilla Focus.

Или инсталирајте комплетно нов пребарувач, тука мислиме на Tor Browser кој спречува надгледување на вашата интернет конекција и дознавање кои сајтови ги посетувате, не заборавајќи, притоа, и да ја маскира вашата физичка локација и да ви дозволи да посетувате сајтови кои не би можеле да се посетуваат преку нормални канали.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии