Три Windows алатки за PDF, печатење, и 3D креации

Мартин Јованчевски

во Софтвер

Уживателите на Windows 10 оперативниот систем дефинитивно би требало да се запознаат со следниве три алатки, особено доколку имаат потреба за поефикасна работа во .pdf документи, поголеми можности за печатење, или осмислување тродимензионални креации.

PDF Ink е апликација која ви дозволува да се потпишувате, да истакнувате работи или да пополнувате .pdf документи без да се потпирате на комерцијалните верзии. PDF Ink се одликува и со солидна алатка за отворање документи во форматот Doc, односно DocX. Целосната верзија на PDF Ink ви дозволува да ги проширувате маргините, да конвертирате од Word формати во PDF, да сочувате повеќе потписи, и многу повеќе.

Share 2 Print ќе ви се најде во ситуации кога некоја апликација ви дозволува да споделите нешто, но не и да го отпечатите истото. Оваа алатка ја користи опцијата Share на која било апликација за да ве поврзе со вашиот печатач и да ви дозволи да направите физичка копија од саканата содржина. Апликацијата е целосно бесплатна за користење.

Blender е бесплатен и open-source пакет од солидни можности за 3D креации за 64-bit верзии на Windows 10. Апликацијата не дискриминира и ги нуди истите опции кои можат да се пронајдат во верзијата за декстоп. На располагање имате опции за модели, скулптура, 3D и 2D анимација, рендерирање, композиција, следење движења, видео монтажа и слично.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии