Три совети за претпазливо преземање софтвер

Одредени инсталациони пакети не сакаат ништо повеќе од вметнување повеќе апликации, иако вие сакате само една. На тој начин, преку понуди и реклами, се зголемуваат шансите за дополнителен профит на компаниите.

За тоа каков дигитален отпад постои и како правилно да го препознаете и отстраните, зборувавме тука. Она што сега имаме за цел е да понудиме три совети при преземање и инсталирање софтверски апликации.

1. Преземајте директно од компанијата зад софтверската алатка

Шансите да налетате на дигитален отпад се можни, но помали доколку одите со официјалните сајтови. Многу веб сајтови на трети лица, нудат инсталери на одредени алатки, но ги испорачуваат со потенцијално несакани програми, или PUP. Не знаете што е PUP? Дефинитивно кликнете тука!

2. Избегнувајте „лажни“ пребарувачки резултати

Google е феноменален пребарувач, но Google не би бил она што е да наметнува суптилни реклами. Секојпат кога пребарувате нешто, Google поставува реклами на врвот од резултатите. Некои од овие реклами се легитимни, но некои се наменети да ви го привлечат вниманието и да ве принудат да кликнете. Со оглед на тоа дека се суптилни и на врвот, таквото нешто воопшто не е тешко. Поради тоа, не е лошо да ги игнорирате резултатите од пребарувањата кои имаат Ad веднаш до нив. Кликнување на некои од нив, можат да ве одведат на нефункционални сајтови или пак на сајтови кои ќе бараат од вас да, пример, инсталирате првин управувач со датотеки, па потоа саканата апликација.

3. Внимавајте за што давате дозвола при инсталирање

При објаснување процес на инсталација на некој програм, често пати имаме слушната инструкции од типот: „само кликај на next, next, next, и accept. Таквата слепа изведба, може само да отвори врата на дополнителни, несакани апликации. Прочитајте што прифаќате, односно штиклирате. Ако има опција Skip, не брзајте и видете на што се однесува.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии