Три работи кои треба да ги знаете за штотуку најавената RAGE 2

По цела недела задевања со скриншотови и исмејување на Walmart Canada за неофицијалното потврдување на играта, Bethesda официјално ја најави работата на RAGE 2. Трејлерот е повеќе од она што би можеле да очекуваме за продолжетокот на една сосема просечна игра од 2011 година, но доколку бевте импресионирани од гејмплеј приказот тогаш дефинитивно би требале да ги земете овие три работи во предвид!

1. Приказната е многу години подоцна од првата игра.

Астероид има збришано 90 проценти од светското население и вие ќе мора да навлезете во исклучително сурова пост-апокалиптична средина каде бесот е единствената водечка емоција. Играјќи како Вокер, принудени сте да ставите крај на The Authority, автократска банда која е директен виновник за губењето на вашиот дом. Настаните започнуваат во 2185, долго по оние настани кои се обработуваа во првата игра.

2. На RAGE 2 работи и Avalanche Studios и Id Software

На вториот дел нема да работат само ветераните зад серијалот Doom. Во креативните води на id Software ќе вмеша прсти и Avalanche Studios – развојното студио кое е најдобро познато по серијалот Just Cause и Mad Max. Ова делува како добитна комбинација, особено кога ќе се земат уникатните способности на двете студија. Колку се id Software мајстори во пукачки игри во прво лице, толку се добри Avalanche Studios во механиките со управување со возила и трки, а RAGE, како што можеби знаете, се стреми да го комбинира најдоброто од овие два жанрови.

3. RAGE 2 ќе биде во отворен свет и со проширен гејмплеј

Комплексни борбени механики ќе бидат имплементирани и кога сте директно зад воланот на едни од најубиствените возила. Возилата ќе имаат бројни оружја и опрема за дефанзивни и офанзивни тактики, а во моментот кога ќе излезете од металното чудовиште, на располагање ќе имате посебен арсенал од огнени и студени оружја, со лични пресметки кои се карактеристични за id Software. Секое од оружјата ќе се надградува, а и ќе има таканаречени Nanotrite способности кои кулминираат во Overdrive и ви даваат поголема моќ, издржливост и подобар плен при елиминација на непријателите. Bethesda ветува огромен и разнолик отворен свет, пополнет со бројни активности за подобра имерзивности и интеракција. Се алудира на џунгли, преку мочуришта, па се до пусти предели. Тоа не значи дека нема да имате непријатели колку што ви душа сака и ќе можете да им ставите крај на бројни мутанти и чудовишта кои имплементираат најразлични AI тактики.

RAGE 2 ќе излезе на пролет 2019 година, за Microsoft Windows, Xbox One и PS4.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии